690
Во земјотресот во Турција досега загинаа 44 луѓе. Како што пренесе агенцијата Анадолија, службата за вонредни ситуации објавила дека и по најсилниот земјотрес следеле уште 833 помали потреси, а 40 биле посилни од 4 степени.
Во меѓувреме, продолжува потрагата по преживеани во урнатините во егејските области на провинцијата Измир. Според официјалните податоци, повредени се речиси 900 луѓе. Од болница се пуштени 667 повредени лица, а на лекување се задржани 229 луѓе.
Инаку, земјотресот со јачина од речиси седум степени, кој во петокот го потресе егејскиот брег на Турција и грчкиот остров Самос, беше почувствуван се до Атина и Истанбул, а најголема штета е предизвикана во Измир.