Земјотресот во Србија, се тресело и во Бугарија

by Fokus

Силен земјотрес утрово е регистриран во Србија.

„Нешто се скрши и се околу нас почна да се тресе, само излетавме“, сведочат жители на областа Марковац за Телеграф.

Епицентарот е регистриран во областа Марковац, на длабочина од околу 2 километри.

Жителите велат дека земјотресот не траел долго, но дека добро ги исплашил.

„Сите сè уште се тресеме“, велат сведоци.

Дека и вториот земјотрес бил силен сведочат и жители на Петровац на Млава.

„Овој земјотрес ме разбуди. Мама го држеше телевизорот да не падне“, вели друг жител на Петровац на Млава.

Се тресело дури и во соседна Бугарија.

„Добро не потресе овде во Лом“, сведочат жителите на Бугарија, кои живеат на околу 130 километри од епицентарот на земјотресот.

Поврзани новости