591
Од страотниот земјотрес во Албанија уништени се 5.497 домови, а 3.135 граѓани биле евакуирани, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Равена Вода.
Според неа, тоа се најнови податоци за штетата предизвикана од земјотресот, собрани од инспекторите во Тирана, Драч, Лежа, Лач и Круја.
Вода додаде дека во земјотресот биле оштетени 12 здравствени центри и простории за итни случаи во Круја, Драч, Лач и Тирана.
Во земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, што ја потресе Албанија во 3:55 часот по полноќ на 26 ноември, загинаа 51 лице и повредени се повеќе од 900 луѓе.