819
Земјотресот кој пред малку го стресе Охрид, а се почувствува и во повеќе градови во земјава, предизвикал материјални штети во охридското село Куратица.
,Епицентарот на земјотресот со јачина од околу 5 степени беше во близина на Куратица, и моментално сум излезен на увид. Има материјални штети на постари куќи, но и одрон на камења на патот. Внатре во домовите сеуште никој не пријавил штета, тргнавме во обиколка да ја провериме состојбата” – ни потврди Горан Ангелоски, претседател на месната заедница Куратица.
Вики Клинчарова