424
Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес регистрираше земјотрес кој потекнува од епицентралното подрачје Валандово.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 14 часот и 19 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјобештресот беше почувствуван од населението во Богданци, Струмица, Валандово и околината.