693
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала утринава беше почувствуван од населението во Валандово и околината.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е во епицентрално подрачје Валандово и бил регистриран во 6:44 часот на 120 километри југоисточно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.