534
Земјотрес со интензитет од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 17:10 минути со епицентар во реонот на Струмица.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, го регистрирала земјотресот чиј епицентар бил на 120 километри југоисточно од Скопје во струмичкото епицентрално подрачје.
Земјотресот бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.