566
Вечерва околу 21,12 часот имаше слаб земјотрес во Скопје. На официјалната страница на EMSC пишува дека земјотресот бил со јачина од 2,7 степени, а епицентарот на осум километри од градот.
Денеска беше регистриран земјотрес и во соседна Грција, а вчера во Албанија. И двата земјотреси во соседството беа почуствувани во земјава и ги вознемирија македонските граѓани.