164
Од Сеизмолошка опсерваторија известуваат дека телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 16.7.2024 година во 14 часот и 06 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.