Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала денеска е почувствуван во 14.46 часот во мавровскиот регион, 20 километри југозападно од Гостивар.
Земјотресот бил на длабочина од два километри. Во западниот дел на Македонија на 7 километри од Кичево претпладнево во 11.24 часот регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 3.0 степени по Рихтер на длабочина од 2 километри.