489
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала го погоди синоќа регионот на Мртвото Море.
Земјотресот се почувствува во Израел, северниот дел на Јордан и јужниот дел на Либан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри. Нема извештаи за евентуална штета.