468
Претпладнево бил регистриран земјотрес во Хрватска, известуваат медиумите од соседството. Според првичните информации, епицентарот на земјотресот е во близина на Пула, кај островот Крк, а јачината на потресот, кој е регистриран во 10.47 часот, е 5,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот се почувствува низ целиот регион но и во Загреб, Шибеник, Истра, а по овој потрес следеле уште неколку послаби. Тој бил на длабочина од 10 километри.