Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи денеска недалеку од грчкиот остров Крит.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 25 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Како што јавија локалните медиуми, земјотресот бил почувствуван во многу области на Крит.
#Earthquake (#σεισμός) possibly felt 26 sec ago in #Greece. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/mWRIkaVbLp— EMSC (@LastQuake) August 28, 2024
Пред два дена земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Еви.
Фокусот на земјотресот бил проценет на 15,4 километри, додека епицентарот бил на четири километри југоисточно од Василики Истија.
После тоа, забележани се уште најмалку три земјотреси со јачина од 1,4, 1,7 и 1,8 степени според Рихтеровата скала, пренесува Катимерини.