103
Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер е регистриран нешто пред 15 часот во Грција, во областа Патра.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 14 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 27 километри североисточно од Патра.
„Ненадејно тресење, но не траеше долго“, „Го почувствувавме тресењето“, напишале дел од граѓаните кои не биле далеку од епицентарот на земјотресот.