5
Нов послаб земјотрес попладнево е регистиран во Македонија. Земјотресот бил со интензитет од 2.1 степен според Рихтеровата скала.
Според евиденцијата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил во 18:32 часот според локално време.
Епицентарот е на 12 километри североисточно од Демир Капија. Длабочината на потресот е на 5 километри.