111
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 19 часот и 56 минути ја потресе областа околу Сплит, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот бил почувствуван во Сплит и неговата околина.
Првичните информации беа за земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, но таа брзо беше ревидирана на 3,8, според Index.hr.
Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри западно од Сплит и пет километри северо-северозападно од Трогир, на длабочина од 11 километри.