460
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во близина на брегот на американската држава Алјаска, соопшти американскиот Геофизички институт.
Епицентарот на потресот се наоѓал на 1.626 километри југозападно од градот Анкориџ, со население од околу 299.000 жители и на длабочина од 35,1 километар под површината на земјата.
Засега нема податоци за евентуални жртви, опасност од цунами или причинета материјална штета