364
Вечерва силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина, а се почувствувал и во Хрватска, пишува Вечерњи Лист.
Магнитудата на земјотресот била 4,5 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 47 километри од Мостар и 12 километри од Метковиќ.
Земјотресот се почувствувал и во Дубровник, Опузен и Метковиќ. Засега нема информации за причинетата материјална штета.