Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

by Fokus

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер, попладнево е регистриран во североисточниот дел на Албанија.

Потресот беше во 16:04 часот, со епицентар  на шест километри од градот Клос, односно 24 киломери североисточно од Тирана, а е почувствуван во Круја, Тирана, Пешкопеја и други градови во Албанија.

Потрес со послаб интензитет беше почуватвуван и во западниот дел на Македонија, посебно во дебарскиот регион.

Поврзани новости