Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

by Fokus

Земјотрес е почувствуван попладнево во северозападните делови на државата, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 14 часот и 39 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km западно од Скопје, во Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.1.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во северозападните делови на републиката со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала – се вели во соопштението на Сеизмолошка опсерваторија.

Поврзани новости