Земјотрес во Албанија, паника меѓу локалното население

by Fokus

Земјотрес со јачина од 3,7 степени по Рихтер го погоди југот на Албанија околу 16 часот, а епицентарот бил во близина на Химара, 15 километри северозападно од Ѓирокастра, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Освен паниката предизвикана од земјотресот кај локалното население, засега не е забележана материјална штета, пренесе дописник на порталот „Косово онлајн“ од Ѓирокастра.

Поврзани новости