Земјотрес во Албанија, бил почувствуван и во Црна Гора

by Fokus

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погодил соседна Албанија, а бил почувствуван и во Црна Гора.

„На 23.01.2024 година во 23 часот и 47 минути Секторот за сеизмологијата на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со епицентар на 4 километри западно од Коплик (Албанија). Јачината на овој земјотрес во хипоцентарот (жариштето) изнесувала 3,5 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет на III-IV степен од Меркалиевата скала (MCS). Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од 23 километри. Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, наведуваат од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.

Се наведува дека епицентарот бил на 31 километар од Подгорица.

Поврзани новости