525
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, соопшти ЕМСЦ. Според извештаите, земјотресот е регистриран во 11.47 часот по локално време.
Земјотресот е регистриран на околу 10 километри северно од Тирана, додаде ЕМСЦ. Засега нема информации за материјална штета или повредени.