Земјотрес вечерва ја стресе Македонија

by Фокус

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 40 минути регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје.

Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML3.0.

Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, Гостивар, Кичево и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани новости