0
Земјотрес со јачина од 3 степени по Рихтер утрово ја потресе земјава. Епицентарот на земјотресот беше во Дојран.
Како што јавува Сеизмолошката опсераторија на Македонија, на сеизмолошките станици низ нашата државна утринава во 05:31 минута е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Дојран – Кукуш со Рихтерова локална магнитуда ML 3.0.
Според досегашните податоци со кои раполага опсеравторијата, земјотресот е почуствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од 3 степни според Европсакта макросеизмичка скала.