402
Земјотрес со интензитет од 3 до 5 степени според европската макросезимичка скала е почувствуван утрово во делови од Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа земјотресот го регистрирала во 7 часот и 26 минути, а неговиот епицентар се наоѓа во Република Албанија, 110 км југозападно од Скопје.
Според макросеизмички податоци, овој земјотрес бил почувствуван во во Дебар со интензитет од 5 степени, Скопје и Тетово со интензитет од 3-4 степени и Охрид и Битола со интензитет од 3 степени според Европската макро-сеизмичка скала – 1998.