228
Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Тихиот Океан во близина на брегот на Филипините, објави Американскиот геолошки институт. Земјотресот се случил околу 4:48 часот по локално време.
Земјотресот се случил на длабочина од 70 километри, на околу 100 километри југоисточно од провинцијата Сарангани, соопшти УСГС. ЕМСЦ соопшти дека се проценува можноста за цунами.