Земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер ја погоди Венецуела

by Fokus

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава Венецуела.

Земјотресот се случил на длабочина од 84 километри, се наведува на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно од градот Гуирија и 82 километри североисточно од градот Карупано.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

 

Поврзани новости