384
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ги потресе жителите на југозападниот дел на австралиската држава Викторија, а илјадници луѓе пријавиле дека го почувствувале потресот во раните утрински часови по локално време.
Експертите од Австралискиот геолошки институт соопштија дека земјотресот се случил во 02:11 часот во близина на заливот Аполо, на околу 150 километри од Мелбурн, на длабочина од седум километри, пренесе ААП.
Службите за итни случаи Викторија соопштија дека нема извештаи за повредени и се чини дека земјотресот предизвикал мала или никаква штета.
Повеќе од 4.420 луѓе пријавиле дека го почувствувале земјотресот до 3.30 часот, вклучително и многу жители на Мелбурн.