Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер во БиХ

by Fokus

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја потресе Босна и Херцеговина нешто по полноќ.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил на 55 километри од Тузла, односно 13 километри од Градачац, на длабочина од два километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

РТРС јавува дека земјотресот бил почувствуван и во Бања Лука, јави Танјуг.

 

Поврзани новости