Земјотрес со јачина од 4,2 по Рихтер во Риека, епицентарот на границата со Словенија

by Fokus

Риека се тресеше во 19:35 часот. Жителите  од Риека раскажуваат за земјотресот, рекоа дека многу го почувствувале, јави Индеџ.хр.

ЕМСЦ соопшти земјотресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала (прво објавија 4,4, а потоа ја коригираа) и дека епицентарот бил во Словенија.

„Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран кај Клана на границата меѓу Хрватска и Словенија, кој е почувствуван во поширокото подрачје на Риека“, соопшти Сеизмолошката служба на Република Хрватска.

Сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа прилично силен земјотрес во 19 часот и 34 минути.

Епицентарот на земјотресот бил седум километри северо-североисточно од Клана на границата меѓу Хрватска и Словенија.

Магнитудата на земјотресот била 4,2 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на 5-6 степени од Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Риека.

Поврзани новости