524
Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на длабочина од 97 километри, посочуваат од Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.