Земјотрес почувствуван во Охридско и Струшко

by Fokus

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утрово, во 5 часот и 9 минути, е почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 114 километри југозападно од Скопје и потекнува од Охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 3,4 степени.

Поврзани новости