0
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда МL2,3. е регистриран рано изутринара во 01 часот и 36 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на 47 километри југозападно од Скопје, а е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.