Земјотрес од 7,5 степени го погоди Перу

by fokus

Земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Амазон во северниот дел на Перу, а се почувствува и во главниот град Лима во централниот дел на земјата, при што се урнаа 75 куќи, но нема извештаи за жртви.

Земјотресот бил на длабочина од 131 километар, а епицентарот бил на 98 километри од градот Санта Марија де Ниева во провинцијата Кондорканки. Потресот бил почувствуван во централниот и северниот дел на Перу. Нема извештаи за оштетување на нафтовод долг 1.100 километри во сопственост на државната компанија „Петроперу“, што минува низ регионот на Амазон во Перу и се протега до брегот на Пацификот на север.

Според податоците на цивилната заштита, десет лица се повредени, 220 куќи се оштетени, од кои 81 несоодветни за живеење, а 75 куќи се урнати. Во земјотрсот се оштетени и најмалку седум цркви и два трговски центра.

Поврзани новости