469
Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕСМЦ).
Земјотресот се случи на длабочина од 49 километри, пренесе „Ројтерс“.
Индонезиската агенција за геофизика наведе дека не постои опасност од цунами поради земјотресот.
Нема извештаи за штети или жртви.