Земјотрес од 6,1 степени во Егејското Море

by Fokus

Во морскиот дел во Источниот Медитеран, југоисточно од грчките острови Крит и Карпатос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степен, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос.

Земјотресот е почувствуван во неколку земји, па освен граѓаните на Грција, земјотресот го почуствуваа и граѓаните на Турција, Кипар, Израел, Египет и Либија.

Поврзани новости