Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Јапонија

by fokus

Земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Земјотресот се случи во 3.21 часот по локално време во Пацификот, крај брегот на округот Чиба, на околу 30 километри под морското ниво, а предупредување за цунами досега не е издадено.

Земјотресот го почувствуваа жителите од централна до североисточна Јапонија, вклучувајќи го и Токио. Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Поврзани новости