408
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер го погоди денеска Ел Салвадор.
Според прелиминарните податоци на Министерството за животна средина на централноамериканската земја, епицентарот на земјотресот бил регистриран во близина на брегот на Тихиот Океан, пренесе Ројтерс.
Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Сан Салвадор, изјавиле очевидци за британската агенција.