Адана во Турција утрово ја погоди силен земјотрес. Земјотресот бил со јачина од 5.5 степени според Рихтеровата скала.
Засега нема информации за повредени. Не се знае ниту каква материјална штета е причинета.
Земјотресот, според информациите на турските медиуми, се случил на длабочина од 2,4 километри.
#Earthquake (#deprem) possibly felt 21 sec ago in #Turkey. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/bKBgMenA4F
🌐https://t.co/44vngdM2ty
🖥https://t.co/OSr2jaub9Y
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/olDvhGDme3— EMSC (@LastQuake) July 25, 2023
Турција на 6 февруари годинава беше погодена од два силни земјотреси. Првиот беше со магнитуда 7,8, а вториот 6,7.
Природната катастрофа се случи на југот на оваа земја долж границата со Сирија, оставајќи зад себе урнатини, мртви и ранети од двете страни на границата.