Земјотрес од 5,4 го погоди јужниот дел на Италија

by Fokus

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според европската сеизмичка скала, вечерва го стресе јужниот дел на Италија. Епицентарот на земјотресот бил на 112 километри од Салерно, град со 125.000 жители.

Сепак, според првичните сознанија, не се очекуваат поголеми материјални штети со оглед дека, за среќа, епицентарот бил на голема длабочина.

Пред три часа, земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Турција, односно 38 километри од градот Малатија на длабочина од 5 километри.

 

 

 

Поврзани новости