672
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди западниот дел на Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.
Епицентарот бил во близина на градот Урла во округот Измир на брегот на Егејското Море. По главниот земјотрес имаше секундарни потреси со јачина од 4,3 и 2,8 степени.
Според локалните власти, засега нема извештаи за жртви или материјална штета.