697
Земјотрес со сила од 4 степени според Рихтеровата скала изутрината бил регистриран во близина на градот Теба во централна Грција, соопшти Атинскиот геодинамички институт.
Се прецизира дека потресот се случил на околу 4 километри североисточно од градот Теба на длабочина од 5 километри во 6 часот и 48 минути. Земјотресот бил почувствуван во Атина. Засега нема извештаи за штети.