Земјотрес од 4,3 степени ја погоди Италија

by Fokus

Земјотрес од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија,  соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот бил на осум километри од градот Мачерата, додека земјотресот се случил на длабочина од два километри неколку минути по полноќ.

На крајот на јануари северот на Италија го погоди уште еден земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил на 23 километри од градот Римини, а се случил на длабочина од 10 километри.

 

 

Поврзани новости