304
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот округ Ван во Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Земјотресот, според информациите, се случил во 17 часот и 43 минути по локално време во близина на границата со Иран.
Епицентарот бил во областа на турскиот град Баскале, на длабочина од 7 километри под површината на земјата.
Нема информации за причинета материјална штета и за повредени.