Централниот дел на Турција денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала, објави Центарот за управување со катастрофи (AFAD).
Епицентарот бил во Анкара, а најсилно се почувствувал во областа Чанкаја, каде е сместена и државната телевизија TRT.
Земјотресот предизвика паника – голем број жители и работници на јавни места потрчале кон улиците.
Ankara Kalecik’te yaşanan deprem anı kameraya böyle yansıdı.#deprem#Ankara pic.twitter.com/zhA9JhxzgT
— Başkent Ajansı (@baskentajansi) September 11, 2025
На социјалните мрежи кружат видеа во кои се гледа како луѓе во паника ги напуштаат угостителските и трговските објекти.
Потресот бил на длабочина од 11 километри, што го направило поинтензивен во урбаните средини.
Според првичните информации, нема пријавени големи оштетувања на објекти и инфраструктура, а властите најавија дополнителни проверки.