1
МВР информира дека вчера попладне во 17:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, 65-годишниот В.Д. од с. Сопиште, скопско управувајќи патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во 57-годишната А.М. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.