Синови тепаат татко – татковци напаѓаат деца, полицијата собира пријави

by irena 15:30
15:30

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од с. Бороец, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Како што информираат, на 02. овој месец во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот син.

СВР Тетово, пак, поднесе кривична пријава против В.Р.(23) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Тој на 22. септември годинава по претходна расправија во семејниот дом, физички го нападнал неговиот татко.

Напад врз родител е пријавен и синоќа во 23:10 часот во с. Ропотово, општина Долнени.

Полицајци го уапсија С.П.(25) од с. Ропотово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот 50-годишен татко.

По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Рано утринава, пак, во 03:50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Т.(56) од Скопје, по претходна пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон неговите двајца синови, а оштетил и дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести