МВР информира дека вчера попладне во 16:50 часот во СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Г.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна жена, дека подолг период и физички ја малтретирал и ѝ упатил закани со огнено оружје.
А.Г. е задржан во полициската станица и со потврда биле одземени ловечка пушка, пиштол со рамка и куршуми и дозвола за поседување оружје.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Синоќа, пак, во 21:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода И.И.(50) од Штип, постапувајќи по пријава од неговата 36-годишна сопруга дека во семејниот дом и се заканувал и физички ја нападнал.
По целосно документирање случајот, ќе следува соодветна пријава.
Рано утринава во 01:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 46-годишен жител на тоа село.
Според пријавеното, синоќа околу 23:00 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани, пак, поднесе кривична пријава против Ф.Р.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Тој на 18 јуни годинава во семејниот дом, извршил психичко и физичко насилство врз неговата сопруга.