480
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 21 часот и 17 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Дебарца-Илинска Плакенска Планина.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, земјотресот бил со јачина од 2,8 степени според Рихтерова скала.
Земјотресот беше почувствуван од населението на државава, особено во југозападните делови со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.